“ИРИ“ : ВМРО – ДПМНЕ ужива најголема доверба кај граѓаните
14.01.09 10:30
Според најновата анкета на Американскиот републикански институт – ИРИ, владејачката ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 38 проценти од испитаниците, додека опозицискиот СДСМ доби девет проценти. Коалициониот партнер во власта – ДУИ доби 11 отсто доверба, за ДПА би гласале два процента од граѓаните, додека партијата на Имер Селмани, Нова демократија доби 3 отсто поддршка од испитаниците, покажува анкетата на ИРИ. За ДОМ и за НСДП се изјасниле по еден отсто од анкетираните, два процента од нив би гласале за други партии, додека процентот на неопределените е 18 отсто.
Најголем рејтинг и натаму има актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски со 31 процент, а втор на листата на политичари од доверба е Али Ахмети со осум проценти. Шефот на државата Бранко Црвенковски ужива рејтинг од седум проценти. Од досега најавуваните личности како можни идни кандидати за претседател на државата, за Љубе Бошкоски и Имер Селмани се изјасниле три проценти, а за Срѓан Керим два отсто од анкетираните.
Граѓаните и во оваа анкета повторно дадоа висока поддршка за членството на Македонија во ЕУ со 92 и во НАТО со 89 отсто.
На патот кон сГиновце, општина Ранковце, вчера, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 47-жител на Крива Паланка, кој управувал патничко возило „БМВ“ со кривопаланечки региста...
На на 63 годишна возраст, денеска почина истакнатиот македонски композитор, продуцент и аранжер, Тоше Поп – Симонов Поп Симонов, во својата богата и плодна кариера соработуваше со бројни изве...
На 18042025 околу 12 часот во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското Eзеро, кај „Канео“, забележано е повредено лице кое потоа со пловен објект е пренесено на градското пристаниште, кад...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.