Иранските медиуми пренеле дека полицијата затворила десетина продавници со детски играчки, поради тоа што продавале барбики. Акцијата на полицијата била во склад со плановите на власта да го намали западното влијание во Иран. Анонимен претставник на полицијата рекол дека конфискувањето на куклите е нова фаза во борбата против културните влијанија од запад.

Од Исламската револуција во 1979 година, исламистите повеќе пати се обиделе да се спротивстават на таканаречената инвазија од страна на западната култура. Забраната за продажба на барбиките, кои изгледаат како млади жени од запад, била воведена на средината на деведесеттите години од минатиот век. Бројни книги, филмови, музика, фризури и мода од запад стигнуваат до младите иранци и покрај забраната, па дури и државните телевизии секоја седмица емитуваат по некој холивудски или странски филмски хит.