Судот одлучил дека иранецот мора на својата сопруга да и подари 124 илјади рози кои и ги ветил пред бракот. Сопругата поднела тужба против мажот затоа што е„многу скржав и никогаш во животот не и платил ни кафе“.

Додека не ги набави розите, судот на човекот му го запленил станот. Жената со име Хангемех решила да го побара својот мираз во износ од 124 илјади рози за 10 години брак за да го казни својот скржав маж.


124 илјади рози за казна !

„Набргу по венчавањето сфатив дека Шахин е многу скржав и во кафетерија не сакаше да ми плати ни кафе“ изјавила изнервираната жена.Нејзиниот сопруг на суд изјавил дека може да си дозволи само по пет рози дневно и дека со такви идеи на неговата сопруга главата и ја наполниле богатите пријатели со кои се дружи.Но судот не ја прифаил неговата жалба и му го запленил станот се додека не и исплати на жената тоа што е нејзино.

Во Иран е вообичаено како мираз на жената да и се подаруваат златници или некој друг имот. Според иранскиот закон жената може да го побара својот мираз било кога во бракот или кога се разведува.

ohridnews