Увозот на куклите Барби и други западни играчки ќе имаат огромни културни и општествени последици по Иран, изјавил во понеделникот главниот ирански обвинител.
Иранските исламски власти често предупредуваат од опсаноста која ја гледаат во културата и потрошувачкото општество кое го потикнуваат Соединетите Држави, ги именуваат како „Труење од запд“.
Младите иранци, меѓутоа се големи потрошувачи на таква музика, филмови и други производи од запад. Познати играчки можат да се купат во техеран и во цел Иран.
„Појавата на ликовите како Барби, Бетмен, Спајдермен, Хари Потер, компјутерските игри и филмови се опасност за културата“, рекол главниот обвинител Горба Али Дори Најафабади во писмото до потпретседателот.
Најафабади, високопозициониран свештеник, рекол дека Иран е трет по големина увозник во светот на играчки и укажал дека тоа претставува опасност по идентитетот на младите генерации.