Иран во понеделникот во вселената испратил во капсула жив мајмун кој се вратил жив и здрав, објавила локалната телевизиска станица “Al-Alam”, повикувајќи се на иранското министерство за одбрана. Капсулата “Pisgham” со мајмунот била лансирана на 120 километри надморска височина, пренеле француските медиуми.

Иран во февруари 2010 година прв пат во орбитата лансирал капсула со живи организми, меѓу кои имало глувци, желки и глисти, со помош на ракетата носач “Kavoshgar-3”.