Ирачка банка отвори филијала, наменета само за жени  во која работат само жени. Банката се наоѓа во светиот  шиитиски град Наџаф, соопштил раководителот кој призна дека дури и нему не му е дозволено да влезе во зградата.


Aбдел Разак Мансур, генералниот директор на Вавилон банка, објави дека филијалата, која била отворена во неделата, досега работела со 50 клиенти и се очекува да привлече околу 200 за една година. “Во Наџаф има многу жени кои се бизнисмени и тие имаат компании во многу различни видови активности”, рече Мансур и истакна дека 25-те претставници на банкарската филијала се само жени.

Единствените мажи кои работат за одделот, се специјалните чувари за безбедност, кои стојат на пост на улицата пред банката, додал Мансур.

Ф.К.