Англискиот клуб Ипсвич го отпушти менаџерот Рој Кин по 20 месеци работа во клубот. Ипсвич претпре седум порази во последните девет меча, а последниот пораз од 1-0 од Нотингем Форест ја прелил чашата на незадоволството кај водечките луѓе во клубот.


Првиот помошник на Кин, Јан Мекпарланд ќе го води тимот во третата рунда од ФА купот против Челси. Ирецот не успеа да го приближи Ипсвич до Премиер лигата, а го одведе тимот во полуфиналето од Карлинг Купот каде ќе игра против Арсенал.