Новите извештаи од луѓе блиски до компанијата наведуваат дека новиот телефон на Епл ќе биде претставен на 12ти Септември, а пуштен во продажба низ целиот свет најдоцна до 5ти Октомври.

Исто така се наведува дека во продавниците во САД можно е да биде достапен започнувајќи од 21ви Септември заедно со новиот 7,85 инчен таблет iPad Mini.
По се изгледа дека компанијата ќе го лансира новиот телефон исто како и нивниот последен модел, iPhone 4S.
Се шпекулира деа новиот уред ќе има 4 инчен дисплеј со резолуција од 640×1136 пиксели и ќе ги користи новите нано-СИМ картици.