Интернационалната полициска асоцијација-регион Охрид, на новинарите и медиумските работници, кои се членови на Регионалното здружение на новинари на Македонија од Охрид, Струга, Кичево и Дебар, но и на оние кои не членуваат во ЗНМ, им подарува заштитна опрема од вкупно 100 повеќенаменски заштитни маски и 100 заштитни ракавици.

  • Покрај здравствените работници, полицајците и војниците, на кои им сме благодарни за огромниот ангажман во борбата против невидливиот непријател- Корона вирусот, новинарите, се луѓето кои од почеток на пандемијата, постојано се на терен, до првата борбена линија во борбата против вирусот Ковид-19. Новинарите, извршувајќи ги професионалните обврски на полето на информирање на граѓаните, секојдневно се во непосредни контакти со други лица, меѓу нив и лица од можни ризични категории, бараат изјави од нив, престојуваат на различни места и објекти и се изложени на ризик од заразата. Преку информирањето, делуваат кон заштита на јавното здравје и јавниот интерес за подигнување на свеста кај јавноста за превенција и доследна примена на препорачаните мерки за заштита и справување со Корона вирусот. Сметаме дека новинарите и медиумските работници, треба да бидат максимално заштитени, и во својата работа треба да се придржуваат до безбедносните протоколи и препораки на надлежните институции, потенцира претседателот на ИПА регион Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews