Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид, во сабота, 5 јуни, организира бавна рекреативна велосипедска тура Охрид-Пештани-Охрид.
Стартот е закажан во 9 часот од градското пристаниште во Охрид, а ќе се вози по крајбрежјето на Охридското Езеро, по патот Охрид-Св.Наум, до туристичката населба Пештани во подножјето на планината Галичица, на надморска височина од 700 метри. Тука, предвиден е едночасовен одмор и освежување на терасата на наш ИПА пријател-со атрактивен и неповторлив поглед кон Охридското Езеро. – вели претседателот на ИПА Охрид Стефан Димовски.
ИПА регион Охрид, ги поканува сите заинтересирани граѓани – љубители на велосипедизмот, да се вклучат во велосипедска прошетка и уживање од Охрид до Пештани. И овој настан е во насока на реафирмирање на идејата на ОСБСП Охрид од 2016 година година за велосипедско поврзување Охрид-Струга и Охрид-Св.Стефан со современа, безбедна и функционална велосипедска патека.
OhridNews