Повеќе од 183.000 мигранти и бегалци пристигнале во Европа преку Средоземено Море од почетокот на годината, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Вкупно 1.244 луѓе загинале или исчезнале во обидот да стигнат до европските држави.
Според ИОМ, во 2016 година 183.017 мигранти и бегалци во Европа пристигнале по морски пат.
Од почетокот на годината во Грција пристигнале 154.661 луѓе, во Италија – 27.265, во Шпанија – 1.063, а на Кипар – 28 лица.
Од јануари 2015 година во Грција пристигнале вкупно 1.008.311 луѓе, но последните недели бегалскиот бран драстично е намален. Во првите сто дена од годинава во Грција просечно пристигнувале по 1.500 лица дневно, а потоа бројот на мигранти се намалил од 10 до 15 пати. На 27 април во Грција пристигнале само 108 мигранти.
OhridNews
Извор:„МИА“