Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Охрид ќе го додели признанието „Инженерски прстен 2015“ на најдобрите дипломирани студенти коишто ги негуваат инжинерските дисциплини.

Церемонијата на доделувањето на признанието ќе се одвива на платото пред Светиклиментовиот храм „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во 19 часот.
 
Традиционалната манифестација „Инженерски прстен“ која е во организација на Инженерската институција на Македонија, а под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов, претставува поттик за изучување на инженерството и придонес за формирање на квалитетен инженерски подмладок, компатибилен со развиените земји.

 

OhridNews