По возбудливата игра на стадионот „Олимпико“ во Рим, Интер синоќа победи во финалето на Купот на Италија 2021/22 совладувајќи го Јувентус со 4-2. Тренерот Симоне Инзаги го изрази своето задоволство за победата истакнувајќи дека имале „одлична претстава против силен противник“.
По натпреварот, тренерот на „нероазурите“ зборуваше за „Спортнедиасет“ за перформансите на неговата екипа.
Навистина добро работевме во првите половина час, но малку ја загубивме формата во последните 15 минути пред полувремето. Нашиот пристап до вториот дел беше лош и пуштивме два гола. Требаше да останеме поконцентрирани, но овој тим никогаш не се откажува, како што знам. Не само оваа вечер, туку од 8 јули ги видов како го прават тоа. Сега имаме два првенствени натпревари кои треба да ги одиграме најдобро што можеме, но правилно е да уживаме во прославите вечерва со навивачите. Среќен сум за момците, клубот и навивачите, рече Инзаги.
Тој дополни дека го прави среќен што ја споделува победата со персоналот кој, како што рече, „ми помага секој ден да се подготвам за три натпревари неделно“.
Отидовме далеку во сè што направивме. Се пласиравме во осминафиналето во Лигата на шампионите и мислам дека Интер досега беше единствениот тим што го победи Ливерпул. Дадовме толку многу и не жалиме, дополни тој.
OhridNews