Тренерот на Интер, Симоне Инзаги пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Ливерпул истакна дека неговите играчи се многу мотивирани.

Ќе биде тежок натпревар, но ние сме многу мотивирани. Важно и неопходно е да се постигне гол во првото полувреме. Знаеме дека ќе биде многу тежок натпревар. Интер немаше играно во оваа фаза од турнирот долги години и знаевме дека ќе играме со врвен тим откако ќе завршиме на второто место во групата. Дадовме сЕ од себе на првиот натпревар, а истото ќе го направиме и утре, изјави Инзаги.

Реваншот помеѓу Ливерпул и Интер ќе се вечер на „Енфилд“. Средбата започнува во 21 часот.

На првиот натпревар, одигран во Милано, Ливерпул победи со 2:0.

OhridNews