Секој инвеститор, кој  изведува градба во дел од градското подрачје,  е должен претходно да склучи договор со Ј.П.”Охридски Комуналец” за вонредно чистење на улиците и околниот простор каде што ги извршуваaт градежните работи, објаснуваат од јавното препријатие.

Тие се жалат дека голем број од инвеститорите,  покрај тоа што не склучуваат такви договори,  ни самите не ја одржуваат хигиената во околниот простор на гардилиштата, поради што ја нагрдуваат сликата на голем број охридски улици. Овие проблеми се дел од секојдневните поплаки на граѓаните, кои бараат поголема хигиена на улиците, околу градилиштата .


Инвеститорите  треба да ја одржуваат хигиената околу градилиштето

-Деновиве добивме многу поплаки од жителите на ул.”Партизанска” за сосотојбата во која се ноаѓа улицата, поради градежните работи кои ги изведува инвеститор на оваа улица. Улицата секојдневно е прекриена со земја, кал и друг градежен материјал, како градбата да се изведува на самиот асфалт. Нашите служби извршија увид на лице место, но на терен ќе треба да излезе и Комуналната инспекција.-велат од Ј.П.”Охридски Комуналец”, нагласувајќи дека овој инвеститор нема склучено договор со нив, за чистење и одршување на хигиената во околината на градилиштето.

OhridNews