Заинтересирани приватни инвеститори кои би вложиле во изградба на марини на охридското крајбрежје има, но се чека на одобрение од Министерството за животна средина и Министерството за транспорт и врски под чија надлежност е крајбрежјето, велат од Локалната самоуправа.

Од страна на локалните власти веќе се предвидени неколку локации на кои би се граделе марини според европски стандарди. Тоа се градското пристаниште, кај мостот пред хотел Палас, кај Грашница, во каналот, но се предвидува нивна изградба и кај Пештани и во Св. Наум.

Факт е дека со зголемувањето на бројот на пловни објекти повеќе од потребна е изградба на марини во кои би се чувале глисерите и чамците, за чија безбедност би се грижеле чуварски служби.  – Се надеваме дека наскоро ќе ја добиеме согласноста од надлежните министерства, со цел марините да се изградат во што пократок период, велат од Локалната самоуправа.

OhridNews