Тој потврди дека владата на последната седница ги дефинирала двата пакети за изгрдба на патната инфраструктура во земјата. Таканаречениот источен концесиски пакет предвидува изградба на 177,5 километри автопат, додека западниот пакет предвидува изградба на уште 196 километри автопат.
Според Груевски, концесионирањето на патиштата ќе значи сериозна модернизација и инвестирање во нова патна инфаструктура во Македонија со долгорочни позитивни последици за економскиот развој и останатите субјекти.