Охриѓани и гостите првомајскиот празник традиционално го минаа со скара и опуштање во некое од многуте излетнички места. Убавиот ден намами многумина на планината Галичица, каде вчера вриеше од посетители. Во излетничкото место Корита кое Националниот парк го уреди за излети се бараше место повеќе. Оние кои немаа среќа да фатат клупа или маса ги запоседнаа околните ливади, но не изостана добро дружење и неизбежната скара.
После скара партија фудбал