Инвазија на дебели магариња го погодила Градот Отман во Аризона. Магарињата со големи стомаци и сало кое им виси од вратовите лутаат по една од улиците на некогашниот град на копачите на злато. Меѓутоа животните не се воопшто криви. Тие јадат се што им даваат туристите.


Отман го посетуваат половина милон туристи годишно. Тие ги хранат магарињата со зеленчук, сено и разна друга храна, па животните кои се познати по својата мрзеливост се опуштиле и повеќе не пасат трева. Локалните власти покренале кампања за слабеење на магарињата.