Корисниците на инвалидски колички ќе можат истите да ги управуваат со мислите, односно замислувајќи дека ги движат левата или десната рака. Овој систем на управување со импулси од мозокот, развиен во федералното политехничко училиште во Лозана, би можел во рок од десет години да почне да им помага на луѓето кои потполно ја изгубиле контролата над своите сетила.
На неодамна одржаната демонстрација во швајцарската амбасада во Вашингтон, демонстраторот Микеле Тавела со мислите управувал со мало роботско возило. Притоа не морал снажно да се концентрира, туку можел слободно да разговара со другите луѓе.