Веста за крвавата тепачка во која ноќеска  загина еден српски турист не ги  потресе само Охрид и Македонија. Оваа трагедија, уште рано утрово е ударна вест на речиси сите српски медиуми.

Под насловот „Убијен српски туриста на Охриду“, српската телевизија Б92 објави дека Министертвото за внатрешни работи во Скопје потврдило дека Српскиот турист Дејан Новаковиќ е убиен во масовна тепачка во дискотека во Охрид. Повикувајќи се на истите информации, Б92 вели дека Новаковиќ со тешки телесни повреди е пренесен во Охридската болница, но таму им подлегнал на повредите и дека амбасадата на Србија во Скопје не е официјално известена за овој инцидент. Другитот српски турист кој е поврден во тепачката, во болницата е примен со полесни повреди на главата и е надвор од животна опасност.


Под речиси идентичен наслов, оваа вест, со слична содржина ја пренесоа и Фокс ТВ,  Новости, РТС, Блиц и други српски медиуми.

Ниту еден од медиумите не заборави да напомене дека во Охрид често се случувале инциденти во кои биле вклучени српски туристи но до сега ниту еднен не завршил фатално.

Според заинтересираноста на српските медиуми за овој инцидент, може да заклучиме дека истиот негативно ќе се одрази на верните српските гости и туризмот во Охрид.

E.E.