Помал дел од скопската навивачка група ”Комити”, на ФК Вардар, го демолирале кумановскиот ресторан ”Милано”, по прволигашкиот натпревар одигран во Куманово меѓу Милано и Вардар.
МВР го потврди инцидентот. Според првичните информации, немилиот настан се случил бидејќи навивачите на Вардар биле револтирани оти по барањето на делегатот на средбата, биле отстранети од стадионот пред да заврши мечот, на што претходела физичка пресметка меѓу навивачките групи на двата тима. Немирите се пренеле и пред стадионот на ФК Милано, а очевидци тврдат дека настрадале и двата автобуси со кои “Комитите” допатувале во Куманово.
По полициската интервенција наместо кон Скопје, “Комитите” тргнале кон ресторанот ”Милано” и го демолирале. Неофицијалните информации велат дека по инцидентот дел од навивачите биле приведени во полициска станица.
Инаку, натпреварот заврши со триумф на Милано од 1:0 со голот на Глигоровски.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com