Попладнево инцидент се случил на гласачко место во струшкото село Делогожда. Информацијата ја потврдија партиски и извори од општинската изборна комисија.
Според неофицијални информации активист на политичка партија, член на избирачки одбор физички го нападнал претсадателот на избирачкиот одбор во Делогожда. Поради тоа гласањето извесно време било во прекин, по што продолжило.
Инцидентот во Делогожда фрли сенка на исклучително коректниот и фер избирачки процес во охридско-струшкиот регион.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com