Инцидент се случи при посетата на на министрот за здравство Имер Селмани на специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид.
Имено во холот на болницата каде министрот Селмнани даваше изјава за новинарите се наоѓаше и Љупчо Пирганоски, таткото на 21 годишниот Јане, кој околу 3 години се наоѓа во кома и лежи токму во оваа болница. Пирганоски сакаше на министерот да му постави некое прашање при што беше видно нстојчив да дојде до него. Реагираше обезбедувањето на министерот Селмани, прво со грубо туркање, Пирганоски го исфрлија од холот на болницата а потоа надбвор продолжија со удирањето при што Пирганоски беше соборен на земја.
Сцената беше непријатно посебно и поради што еден припадник на обезбедувањето на министеот во општата турканица со Пирганоски извади пиштол.
Од кабинетот на министерот Селмани официјално го потврдуваа настанот и велат дека обезбедувањето реагирало соодветно на упатставата за такви ситуации. Оттаму велат дека обезбедувањето се обидело неколку пати безуспешно да му укаже на г-нот Пирганоски на однесувањето, а кога веќе не можело да се предвиди неговото натамошно однесување било реагирано со цел да се заштити министрот. Од министерството за здравство велат дека случајот е пријавен во полиција.
МВР денеска соопшти дека до министерството пристигнале две кривични пријави, едната од обезбедувањето на министерот Селмани, а другата од семејството Пирганоски.
Инаку Селмани, кој престојуваше во Охрид, ја пофали специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо, која како што рече е една од ретките што претходната година ја завршила со позитивен биланс. Тој најави дека владата финасиски ќе помогне оваа здравствена установа да се развие во референтен регионален центар во кој ќе се лекуваат не само пациенти од Македонија, туку и од Косово и околните држави.
Селмани ја пофали “Коснозглобна“
Министерот Селмнани најави дека 67-те вработено во Специјалната детска болница која до крајот на оваа година ќе престане да работи поради нерентабилност, ќе бидат преземени од другите здравствени установи во Охрид, а децата заболени од церебрална парализа ќе се лекуваат во новоотвореното одделение во болницата Св. Еразмо.
Селмани рече дека сеуште не се знае што ќе биде со атрактивниот простор и објектот на специјалната детска болница и дека одлука за тоа ќе биде дополнително донесена.
Г. Момироски