Веднаш по завршувањето на воведниот натпревар од 4-то коло во Првата лига помеѓу фудбалските екипи на Вардар и Ренова, дошло до инцидент во кој имало обид да биде употребен и пиштол. При блиската средба на навивачите од двата табора едно лице од Џепчиште-тетовско извадило пиштол, а благодарение само на брзата интервенција на полицијата спречен бил поголем инцидент.

Инаку средбара Вардар – Ренова заврши со победа на домаќинот од 3:1.

Ohridnews