Во рамките на своите тековни активности кои ги обавува “пајак-службата”, вчера било подигнато непрописно паркирано возило кое потоа било пренесено на паркинг-просторот на Р.Е.”Механизација”.

Според информациите на ЈП Комуналец, по кратко време во чуварата во кругот на Р.Е.”Механизација”, дошле две лица, од кои едниот полициски службеник, за да го подигнат гореспоменатото возило, без да ја подмират обврската за пајак-службата. Притоа вербално му се заканиле на чуварот, насилно ја отвориле вратата и насилно го одзеле возилото, велат од јавното претпријатие.

Од МВР го потврдуваат настанот и информираат дека веќе е извршен разговор со сопственикот на возилото, со иницијали Ф. П.  кој во чуварата на Р. Е. Механизација дошол со својот брат Е. П.

Против сопственикот следи поднесување на соодветен поднесок.

Ohridnews