Веднаш по драматичниот финиш во кој триумфираше бугарскиот маратонец, Петар Стојчев, се случи инцидент кој фрли дамка врз 22 издание на Охридскиот пливачки маратон. Имено по завршувањето на трката дојде до вербална расправија помеѓу победникот Стојчев и французинот Гомез. Откако си разменија по неколку зборови Стојчев со колено го удри Гомез. Петар Стојчев во изјава за медиумите рече дека наместо честитка Гомез кон него упатил навреди и му ја пцуел мајката, на што тој реагирал. Гомез негираше дека го навредувал Стојчев и рече дека е изненаден од неговото однесување. Тој најави официјална жалба на однесувањето на Стојчев.

Ohridnews