Интолеранцијата на глутен погаѓа се повеќе луѓе, а се нарекува целијаклија.Главниот проблем е што дури 90% од луѓето кои ја имаат, всушност не знаат за неа.

Еве неколку симптоми кои би требало да ве натераат да посетите доктор:

-Ако чувствувате вртоглавици, замор, и безволност без посебна причина, но може да ја поврзете со оброкот во кој имало намирници богати со глутен.
-Груба кожа на задната страна од надлактицата, најчесто предизвикано од недостаток на витамин А и фолна киселина, што се случува поради лошо разградување на маснотии и оштетени црева.
-Хормонален дисбаланс како значителни симптоми на ПМС, проблем со полицистични јајници или необјаснива неплодност.
-Проблеми со варењето на храната како надуеност, гасови, дијареа или констипација кои обично ги добиваат децата.
-Воспаление, отеченост и болки во зглобовите, особено во прстите, колената и колковите.
-Многу јаки главоболки и зачестени мигрени

извор:metro-portal.hr