Градежните работи на пешачката патека од каналот Студенчишта кон Горица се одвиваат со интезивно темпо.
Деновиве надлежните служби работеа на поплочување на велосипедската патека со гранитни плочки, а веќе се поставени и фундаментите за осумте канделабри коишто ќе се наоѓаат на средината од пешачката патека. Исто така на просторот се поставени и фундаментите за осовинско и странично осветлување.
На овие активности им претходеше тампонирање на просторот, поставување на ивичници, а целосно се реализираа и земјените работи кои што вклучуваат поставување водоводна линија, атмосферска канализација и електрични инсталации.
Вкупната должина на патеката е 1.390 метри и со широчина 12 метри. Реализацијата на проектот ќе се одвива во две фази и се очекува да заврши во 2016 година. Во првата фаза ќе се изградат 210 метри од патеката, а вкупната вредност на проектот во оваа фаза изнесува 6.457.500 денари.
OhridNews