Горан Стојаноски е македонски актер, театарски продуцент, тренер, и театарски педагог. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности ФДУ Скопје, во 1994, на отсекот Драмски актери. Тој е главен иницијатор и клучен носител на воспоставувањето на професионален (институционален) театар во Охрид, каде што денес е носител на менаџерската позиција во оваа институција. Горан зад себе има изиграно многу театарски и Тв ликови, а паралелно со неговата актерска работа, режирал неколку театарски претстави резултираа со голем успех кај многубројната поублика. Еден е од пионерите на партиципативноит театар и едукативниот театар, применет во работата со млади и заедниците; од 1999 тој е еден од главните промотори на „Уметност за социјални промени“ ( Art for Social Change) програма која го промовира театарот како медиум и алатка за работа со млади луѓе. Заедно со Јасмина Билаловиќ во 2001 ја основаат Асоцијацијата на уметници Културен центар Медиа Артес. Горан е сертифициран и искусен Форум театар Џокер. Во интервјуто што следи тој ја презетира методата на партиципативниот театар – Форум театарот и неговото искуство со Театарот на угнетени (ТУ).

Театар на Угнетени

1. Сакаме да дознаеме нешто повеќе за „Театарот на угнетени“ форми кои во 1960тите беа воведени од Бразилскиот уметник Агусто Боал, на почетокот во Бразил а понатаму и низ цела Европа.

Горан Стојаноски: Театарот на угнетени (ТУ) е теоретска рамка и систем од техники развиени од страна на Бразилскиот режисер, уметник и активист, Агусто Боал.

Основите на Театарот на угнетени се составени од неколку методи како што е Имиџ (смрзната слика) театарот, Невидлив театар, Форум театар, Весник театар, Виножито од желби, Легислативен театар и Социјална акција. Сите тие се базирани на дијалог и вклучување на публиката, тие се истовремено посматрачи и актери, всушност во самиот театар на угнетени постои кованица за оваа специфична публика и таа е наречена „спектактор“ (SpectActor). Боал верувал дека секое човечко суштество е театар –актер и спектатор (посматрач) во исто време. Луѓето имаат една уникатна вештина да превземат акција во светот, а истовремено и да се набљудуваат себеси во таа акција. Со можноста да можеме да се посматраме себеси во конкретната акција, можеме да ги корегираме, усовршуваме и менуваме нашите акции со цел да имаме поинакво влијание и да го менуваме нашиот свет.

Најпознат и најраширен метод од сите овие е Форум театарот, и тој е убедливо најрепрезентативна форма на партиципативен театар во светот. Практикувачите на Форум театарот обично одат во заедниците и низ дијалог со луѓето во заедницита – ги идентификуваат проблемите и формите на угнетеност со кои тие се соочуваат. Базирано на овие информации тие создаваат пиеса (од неколку сцени) каде што ситуацијата на угнетеност е јасно видлива и истата ја одигруваат пред посматрачите. После презентацијата на првичната ситуација на угнетување, пиесата се одигрува од почеток (онолку пати колку што е потребно) и секој посматрач може да ја стопира акцијата (во било кој момент) и да интервенира во неа, и земајќи го во предвид протагонистот – се обидува да понуди решение кое ќе му помогне на протагонистот да ја надмине ситуацијата на угнетеност. Со други зборови, гледачите се поканети да земат активна улога во пресоздавањето на драматургијата на форум театар пиесата (и нејзиното одигрување) со цел ситуацијата на угнетеност да се надмине. На некој начин, ФТ може да се гледа како вид на „проба (вежба) за реалноста“.

Една од клучните улоги во ФТ и општо во ТУ е Џокерот. Тој/таа го олеснува/ модерира дијалогот со публиката и идентификува за кој карактер во поставката, публиката најмногу се соживува и ова е карактерот кого генерално публиката го менува во процесот на форум театар сесијата. Улогата на џокерот е да се осигура дека посматрачите ја разбрале презентираната ситуација на угнетеност, како и основните правила на форум театарот (како што е тоа дека „ не смееме да го смениме карактерот на угнетувачот“ или „ако е потребно да се примени физичко насилство во интервенцијата тоа треба да биде преку бавни движења (slow motion) за никој да не биде повреден). Џокерот мора да биде неутрален во процесот на модерирање. Понекогаш џокерот треба да игра улога на отежнувач – предложената интервенција треба да биде реална и кредибилна, акцијата убедлива; нема волшебни стапчиња во реалниот живот кои што ќе направат проблемите туку така да исчезнат, па така во форум театарот мора да најдеме решенија кои ќе функционираат ефективно врз угнетувачките ситуации.

Легислативниот театар (ЛТ) е многу сличен на Форум театарот. Разликата е дека ЛТ се применува кога изворот што угнетува не може да се идентификува во карактерите но сепак е присутен. Во ваквите случаи угнетувањето доаѓа од системот и самиот систем е тој што мора да биде сменет/ подобрен, за да се надмине угнетеноста. ЛТ се занимава со носењето на политиките и им помага на луѓето/ гласачите да ги изразат своите ставови со цел создавање и подобрување на законите и политиките.

Методот Виножито на желби се употребува во ситуации кога угнетувачката состојба е усвоена и прифатена од страна на протагонистот; методот е алатка која ќе му помогне на протагонистот да се одвои од таа состојба, да ја препознае неа и оној кој е вистинска причина за таа состојба и на крајот да се соочи/ справи со неа.

2. Како овие методи функционираат во вашето конкретно опкружување и од гледна точка на современите услови?

Г.С: Сме го користеле ФТ во нашите претходни проекти, најмногу во училиштата, за да опфатиме теми кои што ги засегаат младите, наставниците и образовниот систем. Реализирани во ваков институционален училишен контекст, учеството беше многу големо, a самите сесии многу плодни и продуктивни. Во други услови (како театарски настани или во културни институции каде што е присутна разнородна публика) не може да се каже дека учеството било на високо ниво. Долго го анализирам ова и би можел да објаснам зошто е така: Кога го претставуваш форум театарот во училиштето, во рутината на секојдневниот ритам на институцијата, носиш содржина која е многу позабавна и покреативна од секојдневните активности што се одвиваат таму; исто така учениците се познаваат меѓусебно и се чувствуваат безбедно да ги споделат своите идеи. Обратно пак, кога луѓето доаѓаат во театар, тие очекуваат заокружен театарски продукт кој ќе им помогне за миг да подзаборават на грубата секојдневна реалност и животните страдања и да уживаат во убавата магија и илузија. Така што за нив потешко функционира предизвикот да се соочат и во театарот со проблемите на тешкото секојдневие, да размислуваат и да бараат начин да се справат со проблемите. Според моето искуство, ТО секогаш најдобро функционира кога се применува на меѓународна врсничка група; во ваквите случаи ефектот е најдобар и може да се насети целата смисла на овој метод.

3. Во рамки на проектот „Замисли си го невидливото“, работевте со група Роми од општина Ѓ. Петров Скопје. Во работата применувавте нешто што се нарекува „имиџ театар“. Може ли во продолжение да ни ја објасните оваа метода?

Г.С:Театарот е веројатно најеклектична форма помеѓу уметностите. Театарот, безразлика дали е конвенционален или партиципативен – испраќа порака преку слики. Композицијата на телата на актерите во просторот (нивната присутност, контакт, јазик на телото и т.н.) создаваат слики кои упатуваат порака.

Имиџ театарот е ТУ алатка која реферира на театарската пракса на смрзната стопирана слика. Тоа е многу корисна метода за невербално импровизирање, како и за извлекување на личен материјал на учесниците во сесиите. Џокерот го задава поимот (на пр. „училиште“ или „денешната младина“ или „сиромаштија“ и т.н.), а учесниците создаваат скулптура со нивнивните тела, за која што мислат дека најдобро го одразува дадениот поим. Од тој материјал понатаму џокерот ги детектира личните конотации и ги извлекува потенцијалните теми на интерес за понатамошно елаборирање или истражување. Во таа смисла имиџ театарот е проективна и партиципативна алатка.

 

Нашата група Роми во Ѓорче Петров, иако добро го владеат македонскиот јазик, понекогаш се соочуваат со потешкотии вербално да ги изразат своите мисли за некои поапстрактни концепти за кои што баравме да размислуваат. Иако финалниот продукт од работењето со оваа група не беше класична практика на театар на угнетени, туку повеќе танц перформанс, сепак имиџ театарот беше многу добра прирачна техника за време на процесот.

4. Повикувајќи се на критиката на Ги Деборд (Guy Debord) во „Општество на спектаклот“ (La Société du spectacle), би се рекло дека главната улога на гледачот во театарот, публиката, е соодветна на пасивната консумерска состојба на свест. Можете ли да кажете дека практиките на Медиа Артес можат да ја отворат непосредноста и поврзувањето и на некој начин да ја изменат оваа традиционална поставеност на улогите?

Г.С: Да, затоа и практицираме театар на заедницата (паралелно со институционалниот театар). Всушност, со практикување на театар на заедницата повеќе од 15 години (како спореден ефект) успеавме да израдиме публика, да регрутираме таленти и да ги вклучиме носачите на одлуки, со што воспоставивме платформа за професионален (институционален) театар во Охрид. 

Отворајќи го просторот за поврзување и менувајќи ја како што велиш традиционалната дистинкција на улогите е навистина дологорочен процес… процес на едукација и сензибилизација на публиката. Како уметник, уметнички педагог и уметнички директор, имам задача да влијаам на колективната свест на публиката и тоа подразбира: засадување на нови идеи, воведување на нови форми и т.н. Публиката си има свое темпо, ритам на прифаќање на овие практики и ние мора да сме стрпливи во однос на резултатите. Капацитетот на публиката да ги прифати новите пристапи е условен и од многу фактори: образование, историја, културна традиција, демократска зрелост, количеството на изложеност на нови форми ит.н.

Новите форми (вклучувајќи ги и формите на партиципативна уметност) не мора секогаш да се во судир со традиционалните или повеќе познатите уметнички форми; напротив – тие можат взаемно да се помагаат и подржуваат. Како што реков претходно, практиката на театар на заедницата беше/е клучна за развој на нова публика во нашиот театар како и за регрутирање на таленти за понатамошна професионализација. Исто така, таа како на уметници ни дава непосреден увид во потребите и грижите на луѓето во нашето општество. Од друга страна, одејќи во различните заедници за да отпочнам со работа со нив, сватив дека мојот јавен лик на познат ТВ карактер беше клучен за пробивање на мразот за да се воспостави потребното поврзување со заедницата (вклучувајќи ги тука и локалните институции) и да се стекне мотивациониот поттик граѓаните да се приклучат во процесот на работа. Уметникот мора да има реалистични проценки и добро да управува со своите очекувања.

5. Си наишол ли на пречки при имплементирање на проекти со методата на театарот на угнетени?

Често во форум театарот на публиакта и е потребно загреавање, пред да се приклучат во процесот. Тоа е дел од улогата на џокерот, да ја подготви и стимулира публиката да навлезе во приказната. Но, тоа си е природен дел од процесот, не би го нарекол пречка, едноставно нешто што треба да се има во предвид кога работиш ФТ.

Друго можно отежнување е стапицата кога некој го игра угнетувачот е дека тој/таа може многу интензивно да се соживее со улогата и да стане многу доминантен/на во таа позиција и како резултат на тоа да ја осуети секоја можна интервенција и решение кое доаѓа од публиката, што го обесхрабува учеството. Актерите, посебно оној кој го игра угнетувачот, мора да бидат свесни за ова. Уште една работа, која практиционистите на ФТ треба да ја имаат на ум е дека ова е Театар на угнетени, а не Театар на очајни. Да ние треба да сме сигурни дека прикажаната интервенција треба да е кредибилна, уверлива, но треба да се осигураме и дека има простор нешто да се стори за да се справиме со прикажаниот проблем/ угнетувањето. Треба да има баланс помеѓу овие две крајности. Суштината на ТУ е да им се помогне на луѓето да си ја вратат назад моќта и да ја отфрлат состојбата на угнетеност, затоа треба секогаш да имаме на ум дека посматрачите ќе излезат охрабрени и зајакнати после ТУ сесијата; во секој случај тие треба да излезат од неа со чувство дека не се немоќни.

6. Што, на лично ниво стекнавте од ова искуство?

Најпрво, оваа практика ми даде можност да запознаам многу прекрасни и исклучителни „обични“ луѓе и да ги чујам нивните приказни… Внатрешно, ова е искуство што те очовечува. А кога ќе го додадам креативниот дијалог и соработката со овие прекрасни луѓе со цел да ги надминат состојбите во кои се чувствуваат угнетени, искуството многу прочистува и вдахновува! Гледаш директно и конкретно дека твојата уметност ги допира луѓето и им помага да се трансформираат. Личната сатисфакција која ја чувствувам едноставно не се изразува со зборови.

 

The European Commission support for the production of this publication does not constitute an endorsement of the contents which reflects the views only of the authors, and the Commission cannot be held responsi­ble for any use which may be made of the information contained therein.