Договорот за прифаќање на францускиот предлог резултираше со отворање на преговорите сo Европската унија. Добрите вести се дека патот е сега отворен, одбројувањето започна и сметам дека државата може да влезе во процесот сега, сигурна во својот идентитет, сигурна во нејзината иднина во ЕУ, но она што е најважно да испорача реформи, евроамбасадорот Дејвид Гир, гостувајќи во видео интервју за OhridNews.

Гир потенцираше дека и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, на Интервладината конференција истакнал дека со преговорите не го губиме идентитетот на патот кон ЕУ, препознавајќи дека оваа држава има важен идентитет, богата култура, богата историја. Сите овие елементи ќе влезат во Европската Унија и ќе бидат дел од нејзината голема разноликост, потенцирал Борел.

Во однос на статусот во УНЕСКО, Гир потенцираше дека Охрид има придобивки од неверојатната комбинација од огромната природна убавина, културата и традицијата на градот. Целта на УНЕСКО статусот е да се осигура дека овие неверојатни глетки ќе се зачуваат за идните генерации, за нашите деца, додаде Гир.

Евроамбасадорот Гир, кој деновиве престојуваше во Охрид и каде го проследи традиционалниот концерт на ЕУ на „Охридско лето“, истакна дека со фестивалот имаат одлична соработа која трае години наназад преку поддршка на фестивалот и тоа е само еден пример од многуте за поддршката на ЕУ на културни активности во државата, тука во Охрид, но и на други места.

Разговор со амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир

 

OhridNews