Катастрофалниот пожар во Кочани кој одзеде 59 животи мора да биде сериозна опомена за сите чинители во општеството, но и за граѓаните, бидејќи во нашиот систем речиси ништо не функционира така како што треба. Поука мора да извлечеме сите. Охрид посебно бидејќи е туристички град, а се уште нема пловен објект за гаснење пожари на и од вода, но и специјализирано возило со скала за интервенции на висококатници и хотелски комплекси. Ова во емисијата Интервју на Охридњуз го истакна поранешниот пожарникар Александар Тасески. Со него разговараме за заштита од пожари и мерки на превенција во домовите, колективните згради и јавните установи.
Разговор со Александар Тасески – поранешен пожарникар