Во 2021 година вакцината против Ковид ќе биде вредна како течно злато, а мафијата и другите организирани криминални групи се подготвени илегално да се вклучат во овој бизнис, изјави шефот на Интерпол, Јирген Сток.
Според Сток, сосема е сигурно дека ќе има кражби од магацини каде што ќе се чуваат вакцините, напади врз транспортерите на лекови, а криминалните групи ќе смислат други незаконски начини за добивање на вредните вакцини, пренесува агенцијата Анса.
Заедно со вирусот кој се прошири од Азија на целиот свет, паралелно се шири и непредвиден криминал. Веќе видовме дека криминалните групи многу брзо се прилагодија на ситуацијата за време на пандемијата на коронавирусот, продавајќи лажни средства за дезинфекција, маски и лекови. И сега, додека светот размислува како да набави и дистрибуира одобрени вакцини, криминалните групи се веќе подготвени со лажни лекови и вакцини, предупредува шефот на Интерпол.
OhridNews