СДСМ денеска во Собранието на Република Македонија покрена интерпелација за министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи, кои според оваа партија се одговорни за бродската несреќа што пред девет дена се случи на Охридското Езеро.

– Во секоја сериозна демократска и одговорна држава после ваква несреќа не може единствен одговорен да биде само капетанот. Министерите Јанакиески и Јанкулоска треба да понесат одговорност бидејќи под нивна директна надлежност се капетанијата и езерската полиција, рече на прес конференција пратеникот Јани Макрадули.

Тој обвини дека премиерот Груевски со сокрил зад пратеничката група со цел да ги затскрие неправилностите во работата на Министерството за транспорт и врски.

Ohridnews