Едно најново истражување покажало дека постарите луѓе се повеќе забораваат, бидејќи денес е премногу лесно да се дојде до информација преку интернетот. Во истражувањето кое опфатило 2000 испитаници, се дошло до заклучок дека интернетот ги прави луѓето позаборавни, бидејќи сите информации можат да се добијат во краток временски рок.
Малку помалку од половина од испитаниците не го знаеле датумот на смртта на принцезата Дајана, а третина од луѓето не успеале да се сетат на годината кога се случил нападот во Светскиот трговски центар во САД. Заклучокот бил дека 87 проценти од испитаниците имаат толкава доверба во интернетот што не сакаат да ги паметат информациите, бидејќи многу лесно можат да ги пронајдат на интернет. Кога станува збор за младите лица, знаењата кои ги стекнуваат на факултетите многу брзо избледуваат токму поради претераната употреба на интернетот и потпирањето на информациите добиени по тој пат.