Постарите лица кои редовно сурфаат на интернет имаат за третина помал ризик дека ќе патат од депресија, тврдат американските научници. истражувачите од универзитетот Мичиген утврдиле дека ваквиот ефект на интернетот е најизразен кај постарите лица кои живеат сами.

Тоа сугерира дека за превенција од депресијата е пресудна комуникацијата која ја овозможува интернетот. Според податоците на експертите, депресијата погаѓа околу осум проценти од американците постари од 50 години. Во новото истражување користени се податоци собирани шест години од повеќе од 3000 пензионери кои живеат дома.