Научници од Америка велат дека користењето на интернетот и пребарувањето во него може да ги подобри мозочните функции кај старите лица. Тим од научници од универзитетот во Калифорнија заклучиле дека пребарувањето на интернет ги стимулира деловите на мозокот кој го контролира носењето на одлуки и сложено размислување.
Тие велат дека овој ефект е посебно видлив кај искусните корисници на интернет додека стимулацијата на мозокот кај почетниците е многу помала.
Тие велат дека дека користењето на интернетот може да помогне во борбата против физиолошките промени на мозокот кај постарите луѓе, поради кои мозокот работи поспоро.
Тие исто така утврдиле дека дека за време на користење на интернетот, човекот користи поинакви ментални процеси од оние кои му се потребни за читање на книги.
Веќе е познато дека крстозборите и игрите како судоку им помагаат на постарте луѓе да размислуваат побрзо и појасно.