На форумот за безбедност на децата на интернет, што се одржа вчера, Фојзат предупреди дека интернет вознемирувањето е најчесто кога едно дете му се заканува на друго дете, го навредува, а за што родителите се најмалку запознаени.
„Важно е како родители да ги научиме децата безбедно да го користат интернетот, но и наставниците во училиштата мора да се вклучат“, рече Фојзат и додавајќи дека наставниците најчесто велат дека насилството се случува по училишните часови.
Илијанчо Гаговски, генералниот менаџер на „Мајкрософт“ која го организираше форумот, истакна дека треба да им се покаже на децата и младите каков тип на однесување треба да имаат на интернет.
„Пред сè клучната работа дека треба да внимаваат при оставањето на лични податоци на интернет, најбезбедно е на социјалните мрежи да комуницирате само со оние луѓе кои ги познавате во реалниот живот. Да се внимава како се креираат лозинките на интернет и да се користат различни знаци и да бидат посложени“, рече Гаговски.
Тој најави низа активности во училиштата , преку директна комуникација со учениците и наставниците, како и емитување на Детско Тв шоу со цел да ја подигне свеста кај најмладите.
извор: „Макфакс