Над 50 % од населението во Македонија, односно 1. 100. 000 лица  користат интернет. 878.300 од нив се приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“. Ова се најновите податоци добиени од страна на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.

Од земјите во регионот повеќе од Македонците интернет користат Словенците (64,9%) и Србите (56,2%), а помалку граѓаните на Хрватска (50,1%), Бугарија (47,9%), Грција (46,2%), Црна Гора (45,9%), Албанија (43,4%), БиХ (31,2%) и Косово (20,7%).

Во Европа интернет користат 476 милиони луѓе, а „Фејсбук“ 209 милиони. Глобалната он лајн мрежа најмногу ја користат жителите на Исланд, Монако и Норвешка, околу 97 отсто.

Според Интернет ворлд стат, во светот има 2,1 милијарди интернет корисници или 30,2 проценти од вкупната светска популација.

OhridNews