ITKLUB.COM“, сајт изработен од проф. Жаклина Лазаревска , Александар Лазаревски – ученик II година и Георгиј, Лазаревски – ученик во IV година во охридската Гимназија, беше прогласен за „IT“ сајт на денот од специјализираните интернет портали и дневниот весник „Време“.

– Првичната идеја беше создавање на онлајн прирачник наменет за средношколците кој ги содржи сите теми кои се изучуваат по предметот Информатика . Подоцна оваа идеа прерасна во поголем проект кој треба да се надоградува и да стане електронска база која ќе содржи севкупно знаење за IT технологијата, изјавија за „Ohridnews“, креаторите на веб сајтот.

Ohridnews