На сите оние кои во текот на наредниот месец нема да сакаат да гледаат фудбал, една романска интернет страна им нуди сосема поинаква радикална алтернатива – пренос од погреби. Според странските медиуми страната нуди и организација на погреби за сите заинтересирани.


Цената на оваа бизарна услуга се движи од 170 до 840 евра, во зависност од бројот на употребени камери. Заинтересираните мора на време да направат резервација, а на барање на корисниците, преносот на погребот може да биде кодиран.