За само 4,95 долари во САД е можно да се изнајми интернет страница која наместо вас ќе се моли на бога три пати дневно. Сопствениците на страната велат дека тоа е мала цена за сигурен пат во рајот за сите оние кои немаат доволно време да му посветат на Бога.


На молитвите можат да се претплатат припадници на сите вери. Во менито можете да ја одберете верата на која припаѓате, како и молитвата со која сакате да се помолите. За оние посиромашните постојат скратени молитви кои се плаќаат поевтино.

За да бидат сите задоволни и за да нема никакви недоразбирања, страната има објавено изјава со која се одрекува од секаква одговорност. Тие велат дека резултатите зависат само од Бога и дека не примаат никакви рекламации.