По извлекувањето на групите за Евробаскетот во Словенија, македонска јавност пробуди спомени кои сеуште се свежи. Навивачката армија на Македонија преку разно разни колумни и повици, а најново дека има интернет петиција за враќање на “литванските“ херои.


Од таа репрезентација се простија Перо Антиќ, Тодор Гечевски, Владо Илиевски и можеби најзаслужниот за историското четврто место на ЕП во Литванија селекторот Марин Докузовски. Во петицијата е вметнат и Лестер Бо Мекклејб, кој сеуште нема донесено став за понатамошните настапи во националниот дрес.

Петицијата од “македонската фаланга“ можете да ја погледнете тука. Ако сте за враќање на кошаркарите кои ја кренаа Македонија и Европа на нозе можете слободно да гласате.

Мх.П.