Извршниот директор на компанијата „Тесла“ Елон Муск сака да воведе интернет на Марс и проценува дека тоа ќе чини десет милијарди долари. Тој тврди дека проектот сателитски интернет носи брз и ефтин глобален интернет, кој не би му сметал на интернетот на земјата. Брзината на светлината е 40 пати побрза во вакуум ви вселената отколку во кабел, појаснил директорот и навел дека интернетот преку сателити кои кружат во ниска орбита би можел да им послужи и на оние кои живеат во слабо населени области.
Тој веќе размислува за колонизација на Марс и сака црвената планета да биде коминакиционо достапна на луѓето кога човештвото ќе почне да го зазема замјиштето. За Марс ќе биде важно да има глобална коуникациона мрежа, која би требало да чини околу десет милијарди долари. Проектот ќе трае најмалку пет години. Претходно извршниот директор на компанијата „Тесла“ најавил развој на „хиперлоп тест стаза“ во должина од пет милји. Станува збор за конвенционален систем на превоз, кој во својата основа има вакуумски тунели низ кои посебно дизајнирани возови се движат со надзвучна брзина.