По повод лансирањето на третата верзија на броусерот Фајарфокс, Мајкросогтовиот тим, кој работи на Интернет Експлорер, испратил торта, која тимот ма Фајарфокс со воодушевување ја примил.


Со белата торта украсена со плавото лого на Интернет Експлорер и пригодната порака, Мајкрософт покажа како на едноставен и сладок начин може на конкурентот да му се честита успехот во новиот проект.

Сличен гест Мајкрософт направил и во 2006 година во чест на лансирањето на Фајарфокс 2.

Према зборовите на вработените во Мозила, овогодишната торта била поубава и послатка од претходната.