Со вакво темпо на раст на бројот на компјутери поврзани на интернет, IP адреси (интернет адреси) од стандардот IPv4 ќе има само за уште три години.

Оваа информација не е нова бидејќи веке некое време се предвидува дека интернет адресите (IPv4) ќе се потрошат до 2010 година, но со најновите истражувања стручњаците сметаат дека тоа ќе се случи една година покасно.


Поради огранеченоста на системот IPv4 развиен е систем на адреси IPv6, кој нуди многу повеќе. Windows Vista, на пример ги поддржува двата стандарди. Меѓутоа префрлувањето на новиот систем сеуште не е започнато, дури нема ни наговестувања дека тоа ќе се случи наскоро.

Стручњакот од Cisco, Tony Hain на самитот „Global IPv6“ во Пекинг изјавил дека цел свет го игнорира фактот дека IPv4 адресите ќе ги снема и поради тоа преодот на IPv6 ќе биде многу брз и проблематичен.

Sandeep Singhal од Мајкрософт вели дека компаниите кои се занимаваат со софтвер треба уште веднаш со полна пареа да развиваат софтвер кој ќе биде компатибилен со IPv6, но тоа не се случува.