Шеесет и осум уметници од  Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Шпанија и САД ги изложија своите слики, во масло, графики, пастел и скулптури во рамките на  Интернационалниот ликовен караван „Сета таа музика, звук на боја, бојата на звукот“ 2005-2010.

Темата за оваа 2007 година е  „Звуци на зајдисонцето“.

Изложбата во Центарот за култура „Григор Прличев“  ја отвори организаторот на караванот, познатиот уметник Тихомир Кондев, кој истакна дека голем дел од авторите се млади уметници со голем талент за кои допрва ќе се чуе.

Караванот тргна од Струга, а изложбата во Охрид е втора од предвидените десет.

Според најавите карванот од Охрид се сели во Белград, а планирана е изложба и во Њу Јорк за што сеуште се преговара.


делата на интернационалните автори во Охрид

Паралелно со оваа во Центарот за култура синоќа беше отворена и изложба на графики од Весна Радишиќ-уметник од Скопје. На Радишич која е дипломиран графичар ова и е втора самостојна изложба.


Изложени и графики на Весна Радишиќ

текст и фото:
Г. Момироски