Охридските ракометари во вторник со почеток во 18 и 30 часот во „Билјанини Извори“ ќе одиграат тест средба со екипата на Ел Весел.
Ракометниот клуб Ел Весел потекнува од Соединетите Арапски Емирати, а во Струга ги одработува подготовките за почетокот на новата сезона во националниот шампионат.
Контролниот натпревар со Охрид на тимот од далечниот исток ќе му биде втор, откако еден одигра со составот на Прилеп.
Мечот со Ел Весел ќе му дојде како генералка на „гладијаторите“ за натпреварот со Борец в сабота во рамките од 12-та рунда во Супер лигата.
OhridNews