Скопјанецот Мечкаровски кој од мината сезона е интернационален судија досега ја нема делено правдата на натпревар на кој играле охридските бели. Негови асистенти се Милошески Душко и Пројковска Ивана двајцата од Скопје. 4-ти судија е Мустафи Фатон од Тетово.
Натпреварот од 4 коло Охрид – Миравци започнува во 16 часот.
Охридскиот арбитар Марјан Ецкоски ќе биде главен на дербито на 4 – то коло во Првата МФЛ.
Под “Тумбе Кафе“ во Битола, Ецкоски ќе ја дели правдата на мечот Пелистер – Работнички. Негови помошници се стружаните Негриески Кирил и Грданоски Симон. 4- ти судија е Тодоровски Жарко од Охрид .