Охридските ракометари в сабота со почеток во 12 часот ќе одиграат натпревар во Грција со екипата на Филипос од Верија.
Интернационалниот противник ќе биде вистински тест за силата и можноста на „гладијаторите“ за престојната сезона во Супер лигата.
Во подготвителниот период избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски одиграа пет натпревари и на четири славеа победа.
На екипата ќе им се приклучи Мите Караиванов кој ги пропушти минатите четири мечеви, а ќе отсуствува Јосип Кезиќ поради повреда на коленото.
Ohridnews